Нов бран на коронавирус во Македонија, ќе има ли ефект полицискиот час?

од Берта Китинска

Покрај големиот број на новозаболени вчера беше забележан и висок број на починат вила. Пријавени беа вкупно 21 починато лица, поради компликации со коронавирусот.

Според директорката на Инфективната клиника и член на Комисијата за заразни болести, Милена Стевановиќ земјава се соочува со нов бран на ковид19

„Ние сме во нов бран, но прашањето е колку ќе трае. Опасноста од поинтезивно ширње на овој нов сој е голема и затоа треба сериозно да се сфати ситуацијата. Се бориме против антиваксерите, но и против оние што не веруваат во она што ни се случува секојдневно. Не знам дали остана некој дом што немал искуство со Ковид-19“, вели Стевановиќ за емисијата „Вин вин“.

Микробиологот Никола Пановски смета дека полицискиот час е добра мерка.

-Јас лично предлагав полициски час да се воведе уште есента. Сметам дека ќе имаат одреден ефект, имено постарите лица ќе имаат помалку шанси да се заразат од помладите, кога тие млади нема да се собираат во ноќните часови, но можноста и ризикот и понатаму е голем, бидејќи истите се собираат преку ден во кафулиња и молови. Најголем ефект ќе има во петок и сабота кога младите се навикнати да излегуваат по 21 часот, тука пред се мислам на тинејџерите и во овој случај би биле под контрола во тој период од ноќта. Оваа мерка не влијае битно на економијата, па затоа е единствена која е предложена, објасни тој во интервјуто за „Локално“

Во земја на 10.03.2021 година започна полицискиот час кој ќе трае до 22 март.Полицскиот час кој секојдневно започнува во 22-05 часот има за цел да го намали ширењето на вирусот, бидејќи изминатите денови граѓаните не ги почитуваа мерките.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Слични содржини