Нов грабеж на аптека во Скопје

од Nikola Popovski

Зачестија грабежите на аптеки во главниот град. МВР информира дека дневниот промет бил украден од аптека на територијата на Општина Кисела Вода.

-Во понеделникот, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет, велат од полицијата.

Претходно на 13.10.2021 во 21:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на бул.„Јане Сандански“ едно лице со закана од вработената одзело пари.

-На 16.10.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената С.Е.(34) од Скопје одземал пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа исто така од МВР.

Слични содржини