Нов хит на СП во Египет: „Сумо борачот“ од Конго тежок само 89 килограми?! (ФОТО)

Репрезентацијата на ДР Конго се најде во центарот на вниманието поради пивотменот Гаутие Мвумби, кој физички изгледа страшно поради своите 130 килограми. На дуелот против Аргентина постигна четири гола за 11. минути.

Денеска, Мвумби повторно е во центарот на вниманието, но овој пат поради фактот што на официјалниот сајт на Мундијалот пишува дека е висок 176 сантиметри, а тежок само 89 килограми.

Добро е познато дека домаќинот засега е далеку од добар организатор, владее вистински хаос.

Слични содржини