Нов ковид-биланс: Oпаѓа бројот на заразени, оздравеле 526 пациенти

од Nikola Popovski

Од направени 2.557 тестови, регистрирани се 340 нови случаи на коронавирус во земјава, информира денеска Министерството за здравство.

Билансот на новозаразени по градови изнесува: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир  Хисар и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.

Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на КОВИД-19.

Слични содржини