Нов ковид бран, Кина ги заострува мерките

од Берта Китинска

Парковите и туристичките дестинации во кинеската престолнина примаат ограничен број посетители, а тематскиот парк „Universal Studio“ во Пекинг, кој беше отворен минатата година, најави дека привремено ќе биде затворен, пренесува АП.

Многу Кинези го слават Први мај оваа година за време на владината политика на нулта толеранција за Ковид-19, патните ограничувања и наметнатите рестриктивни мерки во неколку градови.

Сите ресторани во Пекинг се затворени за гости од денеска до крајот на празникот, во среда, а работат само за достава на храна или за носење.

Слични содржини