НОВ НАПАД СО НОЖ ВО ГЛАЗГОВ: Шкотската полиција ги блокираше улиците, убиено е едно лице

од Vladimir Zorba

Шкотската полиција ги блокираше улиците во Глазгов, каде маж беше избоден со нож денес во нов напад.

Претходно се случи инцидент во тој град во петокот, во кој животот го загубија пет лица, објави шкотската телевизија.

Полицискиот инспектор Герет Грифитс изјави дека станува збор за насочен напад и дека нема индиции дека има опасности за пошироката јавност.

Во нападот што се случи пред хотелот во Глазгов во петокот, четири лица загинаа откако беа прободени со нож, а напаѓачот е убиен од полицијата.

Повредени се уште шест лица, меѓу кои и еден полицаец.

Слични содржини