Нов напад во белградско училиште: Поранешна ученичка (15) со нож повредила врсник и професорка

од Stefanija Kuzmanovska

Девојчето Л.И. (15) со нож го повредила момчето А.Р. (15) и професорката која се обидела да ја спречи, дознава „Блиц“.

Според информациите, се се случило во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ во Белград.

Нападнатите не се сериозно повредени.

Девојчето донело кујнски нож, а станува збор за поранешна ученичка која самоиницијативно го напуштила училиштето.

На лице место е полициска екипа.

Овој напад се случи еден ден по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ кога Коста Кецмановиќ уби осум врсници и еден училишен чувар.

Слични содржини