Нов напад во Франција: Лице пукало во православен свештеник во Лион

од Vladimir Zorba

Непознато лице пукало кон грчки православен свештеник во Лион, Франција, пренесува „РТ“.

Медиумите јавуваат дека напаѓачот побегнал по пукањето.

Во тек е потрага по напаѓачот.

Министерството за внатрешни работи на својот Твитер профил објави предупредување дека имало инцидент во Лион и дека безбедносните сили се на местото на настанот.

Според ТВ БФМ, свештеникот бил застрелан двапати додека ја затворал црквата и се наоѓа во критична состојба.

Безбедносните сили се распоредени на местото на настанот, се вели во извештајот.

На јавноста и беше кажано да ја избегнува областа и да ги следат упатствата на властите.

Слични содржини