Нов парк за миленици во Карпош

од desk4

   На Кејот на Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, општина Карпош постави нов парк за миленици. Станува збор за голема површина, соодветно заградена и опремена со урбана опрема.

На неформална средба градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев со граѓани – сопственици на кучиња размени мислења за одржувањето на паркот, подигнувањето на свеста кај сите граѓани за односот кон животните, а беше изразена подготвеност и за заедничко организирање настани на оваа локација.

На овој потег веќе е поставена фитнес зона, а целосниот изглед ќе се заокружи со изградбата на Адреналинскиот парк, проект подготвен од Секторот за развој при општина Карпош.

Слични содржини