Нов предизборен спот на Вучиќ: Излегува од фрижидер (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Новиот спот на Александар Вучиќ во пресрет на изборите во Србија повторно ја бранува српската и пошироката јавност. Во него Вучиќ буквално излегува од фрижидер.

Трудница и нејзиниот сопруг лежат на кауч и гледаат телевизија. Одеднаш се слуша гласот на Вучиќ, претседателскиот кандидат на СНС.

„О, еве го, овој пак“, вели мажот, а жената со длабока воздишка станува од каучот и го прашува сопругот дали му треба нешто од кујната.

„Навистина, само што не излегува од фрижидерот“, коментира таа.

Го отвора фрижидерот, а од него излегува Вучиќ и ѝ подава на трудницата тегла кисели краставички.

„Извинете, но важно ми е да допрам до секој граѓанин на Србија. Останува уште многу да се направи. Ни требаат повеќе патишта, повеќе железници, фабрики… Ако не се лажам, добивте и субвенција да се реши станбеното прашање. Кога сите во Србија ги имаат можностите што ги имате денес, нема да ме гледате толку многу. Се трудиме тоа да се случи што е можно поскоро. Дотогаш, запомнете, ако останеме обединети со тие цели пред нас, единствената граница се нашите соништа“, објаснува Вучиќ и се враќа во фрижидерот.

Слични содржини