Нов предмет за средношколците во Србија: Часовите ќе започнат со интонирање на химната

од Nikola Popovski

Новина во средните училишта во Србија ќе бидат часовите што ќе започнуваат со интонирање на химната на Република Србија, а учениците ќе учат сè за функционирањето на армијата преку предметот наречен „Основи на одбранбениот систем на Република Србија“.

Министерството за одбрана, во соработка со Министерството за образование, наука и технолошки развој, спроведува часови по изборниот предмет „Основи на системот за одбрана на Република Србија“, кој е наменет за ученици од трета и четврта година средно училиште.

Советничката на вицепремиерот и министерка за одбрана Дуња Симиќ и потполковник Милан Крсмановиќ од Дирекцијата за одбранбени обврски на Министерството за одбрана, за ТВ Пинк зборувале за важноста на програмските теми опфатени со тој предмет, целите на воведувањето во наставната програма и новините за учење на далечина.

„Целта е да ги научиме учениците од завршните одделенија во гимназијата за основните работи за нашата армија, за тоа како работи, како е организирана, но не само тоа, туку и важни работи што се однесуваат на традицијата и историјата на нашата армија. Министерот Стефановиќ истакна при неговата посета на Воената академија, кога присуствуваше на снимање на часови на далечина, дека тоа е нешто што ќе го врати единството на армијата и народот, во смисла дека нашите млади ќе повратат некои основни знаење за армијата“, потсетила Симиќ.

Симиќ рече дека часовите посветени на одбраната на земјата ќе започнат со интонирање на химната на Република Србија „Божја правда“, чија цел е зајакнување на патриотскиот дух и идентификување на младите со нивната земја.

Слични содржини