Нов проблем за Челси, играчот од кој сакаа да се ослободат се враќа во Лондон?

од Vladimir Zorba
55 прегледи

Пред неколку дена, преселбата на Конор Галагер од Челси во Атлетико изгледаше како завршена работа. Во меѓувреме, ситуацијата стана малку покомплицирана.

А тоа го искомплицира младиот напаѓач на Атлетико, Саму Омородион. Затоа што доколку ги минеше лекарските прегледи во Лондон, трансферот на Галагер ќе беше комплетиран.

Англискиот репрезентативец веќе е во Мадрид и ги чека лекарските прегледи. Сепак, бидејќи Омородион беше надвор од игра, трансферот се уште не е реализиран бидејќи дел од планот на Челси беше да се врати од Мадрид со напаѓач.

Брзо беше пронајдено обештетување во форма на Жоао Феликс, но овие детали треба да се разјаснат. Иако Челси сака да го продаде Галагер за да добие 40 милиони евра, што би значело многу за да ги подмири сметките, тие испратија барање до играчот доколку не успее комбинацијата со Феликс, да резервира лет назад за Лондон.

Галагер веќе подолго време се наоѓа на „листата за отстрел“ на американските сопственици на Челси и покрај тоа што е млад човек кој од мал игра за лондонскиот клуб. Англискиот репрезентативец не се вклопува во визијата на играта што ја практикува новиот тренер на сините, Енцо Мареска, а треба да се спомене дека продажбата на домашни играчи носи посебни придобивки во правилата на финансискиот фер-плеј, со кој Челси се мачи.

Сепак, враќањето на Галагер во Лондон не е особено веројатно, бидејќи враќањето на Англичанецот во средина каде што повеќе не е посакуван ќе предизвика бројни непријатности – за двете инволвирани страни.

Слични содржини