Нов расистички напад во САД: Две жени со азиско потекло прободени со нож (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Две постари азијки биле избодени без причина додека чекале автобус во центарот на Сан Франциско.Ова е последниот во низата напади врз Американците со азиско потекло кои живејат низ Соединетите држави од почетокот на пандемијата, пренесува „Вашингтон пост“.

Жена која работела на штанд за цвеќиња во вторникот попладне потврдила дека видела маж како шета по главната улица во Сан Франциско, непосредно пред нападот, носејќи прилично голем нож.

“Една од жртвите беше свртена со грб и сè што можев да видам беа пердуви што и испаднаа од јакната.. Напаѓачот мирно си замина, како ништо да не се случило”, рече таа КГО-ТВ, пренесува АП.

Полицијата соопшти дека две жени биле примени во болница по нападот, а дека постарата, 84 годишна, првично имала повреди опасни по животот, но нејзината состојба е стабилизирана.

Исто така беше објавено дека Патрик Томпсон (54) од Сан Франциско е уапсен приближно два часа по нападот, а истрагата ќе утврди дали инцидентот бил мотивиран од расна нетрпеливост.

Мет Хани, надзорникот на областа 6, на Твитер изјави дека е револтиран од нападот и дека нема ништо полошо од напад врз постари жени додека чекаат автобусот.

Нападот е само уште еден во низата со кој се соочуваат Американците со азиско потекло откако пандемијата „Ковид 19“ се прошири во САД откако започна во Кина, и се случија расистички малтретирања и напади низ целата земја.

Слични содржини