Нов рекорд: Дрес на Џордан продаден за 1.380.000 долари

од Stefanija Kuzmanovska

Единствениот дрес за кој се знаеше дека го носел Мајкл Џордан додека играл на Универзитетот во Северна Каролина, беше продаден на аукција за дури 1.380.000 долари! Јасно е колку е големо името на Џордан, но фактот дека неговиот дрес од колеџ вреди скоро милион и пол долари, навистина ја покажува големината на „Летечкиот Мајк“.

Џордан го носеше споменатиот дрес во сезоната 1982/1983, кога ја освои наградата на НЦАА Играч на годината, а истиот дрес беше на насловната страница на списанието по освојувањето на наградата.

Во исто време, оваа продажба го сруши рекордот на претходната продажба на дресовите на Џордан. Во октомври, еден дрес од сезоната 1986/1987 беше продаден за 480 000 долари. Но, тоа изгледа како малку во споредба со сегашниот нов рекорд.

Затоа цената ги разби облаците, објаснува директорот на спортски аукции во „Херитиџ“, Крис Ајви.

„Конечната цена докажува дека овој дрес има сè што може да посака секој сериозен колекционер“, рече Ајви.

Цената на споменатиот дрес ја зголемува фактот што е уникатен, има фотографии кои покажуваат дека е оригинален. Инаку, ова е дрес на Џордан од неговата „софомор“ сезона .

Истиот овој дрес беше продаден на аукција порано, а цената уште во 1999 година беше 63.500 американски долари. Сега е продаден за повеќе од еден милион долари.

„Дресот на Џордан е една од омилените работи што сум имал можност да ги видам на аукциите“, рече Ајви.

Како што објасни тој, потврдата за единственоста и автентичноста е клучна во вакви случаи. И со напредокот на дигиталната технологија, прилично цела област се потпира на совпаѓање во однос на достапните фотографии. Сето ова е толку сигурно, што колекционерите, по потврдите, се подготвени да дадат 1.380.000 долари за дрес од осумдесеттите години.

Како што сакаат да кажуваат, „така се купува дел од историјата“.

Дресовите што ги носат големите играчи на натпреварите продолжуваат да растат во очите на колекционерите, па и цените. Во последниве години беше купен дресот на Коби Брајант од финалето на НБА во вредност од 338.000 долари, а еден од Леброн Џејмс од „Ол Стар“ постигна цена од 630.000 долари.

Слични содржини