Нов сајт за пријава на прекршоци на работното место за текстилните работници – „Гласен текстилец.мк“

од Nikola Popovski

После 2 месеци напорна работа, млади програмери , помогната од правници , поради потресните сведоштва на работничките од текстилната индустрија, изработија нов производ.

Основан е сајт за пријава на прекршоци на работното место за текстилните работници – „Гласен текстилец.мк“.  Ова денес на Фејсбук го изјави еден од основачите на сајтот, Горјан Јовановски.

🥳 Се сеќавате на случајот со текстилните работинични и повредата на нивните права? Тогаш ветивме дека ќе изработиме…

Публикувахте от Gorjan Jovanovski в Вторник, 24 декември 2019 г.

Сајтот нуди: можност за анонимно пријавување на прекршување на правата на работниците, кое се складира и во нашата база, и се препраќа до надлежните институции, можност за статистички преглед на поднесени пријави и инфогафици и контакт информации од сите надлежни инспекторати

Со сајтот се надеваат  дека ќе го олесниме процесот на поднесување пријави, ќе ги мотивираме работниците да го направат тоа, и ќе ја подигнеме свеста за колкав навистина број на пријави се случува.

Секој работник има загарантирани законски права, кои МОРА да се почитуваат!

Слични содржини