НОВ ШОК ЗА ЈАВНОСТА: Ексклузивна снимка од апсењата на групата на Беливук (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Синоќа, во емисијата Хит твит на ТВ Пинк, во која гостувала и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, биле прикажани ексклузивни снимки поврзани со криминалната група на Вељко Беливук.

Брнабиќ изјавила дека поради семејствата на жртвите, биле скриени најшокантните работи, поврзани со фотографиите што беа прикажани вчера по седницата на Советот за национална безбедност.

– Од исклучително значење е граѓаните да разберат против што се спротивставија Владата на Србија и Вучиќ и на кои им објавија војна. Денес веќе имавме некои луѓе што ги бранат. Гледате како луѓето повторно го напаѓаат претседателот директно или индиректно, со што ја бранат мафијата. Беше важно да се покаже за какви ѕверови станува збор. Граѓаните треба да разберат колку била опасна оваа борба. Овие фотографии не се ништо во споредба со оние што ги најдовме“, истакнала Брнабиќ.

Премиерката посочи на високиот степен на релативизација на сите кривични дела за кои се товари оваа организирана криминална група и оцени дека целта е соборување на претседателот од власт.

Во емисијата било прикажано и апсењето на Вук Вуковиќ на аеродромот, еден од „војниците“ на Вељa Неволја.

Била прикажана уште една снимка, а на неа се покажува како специјалците упаднале во една од собите на Беливук на стадионот „Партизан“.

Слични содржини