Нов скандал во Барса: Не само што „плукаше“ по Меси и Пике, тука крадел и пари?!

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Тензиите во Барселона не стивнуваат деновиве и се чини дека ќе продолжат и во следниот период.

Шпанската полиција поднесе кривична пријава против претседателот на каталонскиот клуб Џозеп Марија Бартомеу.

Тој е обвинет за корупција и се наведува дека е осомничен дека лично профитирал од работи кои ги извршувал во име на клубот.

„Приказната за ‘Барсагејт’ се најде во центарот на вниманието откако се појавија документи кои наводно докажуваат внатрешни активности и финансиски трансакции во рамките на клубот“, наведуваат медиумите.

Претходно оваа година, се наведува дека во тие документи пишувало дека Барселона ѝ плаќала на трета страна да прави негативен маркетинг на сметка на играчите кои важеле за противници на претседателот.

Тогаш беше објавено дека на мета биле Лео Меси и Џерар Пике.

Легендите на Барселона, Чави Ернандез, Карлес Пујол и Пеп Гвардиола, исто така, наводно биле на мета, заедно со политичарите Агусти Бенедито и Виктор Фонт.

„Третата страна беше компанијата I3 Ventures, која наводно објавувала пораки за дискредитација на социјалните мрежи.

Обвинението тврди дека Бартомеу тие услуги ги плаќал шест пати повеќе од пазарните цени, поради што има основа да се разгледа разликата во износот на парите.

Деновиве Барселона е потресена од идејата за заминување на Лионел Меси, кој според новите информации, сепак ќе остане член на клубот сè до истекот на договорот.

Слични содржини