Нов случај на Ковид-19 во Малешевијата

од Nikola Popovski
Нов случај на Ковид-19 во Малешевијата. Откако пред повеќе од една недела беа регистрирани три позитивни случаи на коорнавирус, со денешниот нов регистриран пациент, како што информираат од Здравствен дом во Берово моментално во оваа општина има пет активни случаи на Ковид-19.
-Сите пациенти се во добра здравствена состојба. Тројца од пациентите се со семејна анамнеза на Ковид-19, но без симптоми, така што со останатите двајца, вклучително и денешниот нов пациент бројката изнесува 5 активни пациенти. Поради нивната асимптоматичност очекуваме многу скоро повеќето од нив да бидат регистрирани како оздравени, велат од Здравствен дом Берово.
Оттаму апелираат и понатаму да се почитуваат мерките за заштита од вирусот и задолжително да се носи заштитна маска во затворени објекти.
Од почетокот на пандемијата, денешниот е вкупно деветти позитивен случај со Ковид-19 во Берово. Во околните општини Пехчево, Делчево и М.Каменица подолг период нема регистрирани позитивни пациенти од коронавирус.

Слични содржини