Нов сој на корона „пустоши“ во дом за стари лица во САД: Успешно ги заобиколува антителата!

од Nikola Popovski

Нов сој на коронавирус, кој потекнува од Јапонија, сега е откриен во дом за стари лица во Кентаки, каде што се заразени 45 сместени лица и здравствени работници.

Сојот Р.1 е поврза со првобитниот вид на коронавирус и содржи „многу уникатни мутации“ што можат да доведат до „зголемена отпорност на антитела во заздравувачки серуми и неутрализација на моноклонални антитела“.

Еволуираниот сој успеал да влијае на повеќе вакцинирани луѓе со заобиколување на антителата. Варијантата била откриена во април во епидемија во болница во Кентаки, каде што речиси сите жители биле вакцинирани.

Истрагата спроведена од Одделот за јавно здравје во Кентаки откри дека невакцинираниот, заразен персонал го предизвикал ширењето на епидемијата на почетокот на март, пренесува „Индепендент“.

Поранешниот професор на Медицинскиот факултет Харвард и експерт за заразни болести, д -р Вилијам А. Хазелтејн, во напис објавен на Форбс, сугерира дека „Р.1 е варијанта за гледање“, бидејќи веќе е „упориште во Јапонија и САД“.

Според базата на податоци на „GISAID SARS-CoV-2“, варијантата заразила повеќе од 10.000 луѓе ширум светот. Сојот споделува многу заразна мутација D614G која е присутна и во други варијанти кои предизвикуваат загриженост, како што се Делта, Алфа, Бета и Гама.

Слични содржини