Увид во активностите извршиминистерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети. Шаќири  информираше дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и истата е во последна фаза на реализација. Ќе следи партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводнатаи електрична инфраструктура во градот.

„Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно – научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави Шаќири, додавајќи дека новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.