Нов црн биланс: За едно деноноќие починаа 12 лица позитивни на Ковид 19

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6209, бројката на оздравени пациенти е 2427, на починати е 298, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3484.

Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Слични содржини