Нов удар за Путин: Ова е рускиот генерал кој наводно бил убиен во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Уште еден руски генерал е убиен во Украина, наводно 11-ти по ред од почетокот на конфликтот кој трае повеќе од 100 дена.

Генерал-мајор Роман Кутузов беше на чело на 29-те комбинирани вооружени сили.

Изворите велат дека неговото возило паднало во заседа поставена од Украинците и дека загинал во битка во Донбас, пишува „Мирор“.

Тој, наводно, е единаесеттиот генерал убиен во Украина од 24 февруари, а од почетокот на конфликтот се убиени најмалку 49 полковници.

Во 2020 година, Кутузов беше началник на штабот на комбинираната формација на рускиот источен воен округ.

Руски извори велат дека Кутузов бил убиен во областа Николаевка во Луганск, во близина на линијата на фронтот.

Руските државни медиуми ја потврдија смртта на еден од највисоките руски генерали за време на тешките борби во Донбас.

– Генерал-мајор Роман Кутузов беше убиен додека го водеше нападот врз украинската населба во регионот – изјави известувачот на „Россија 1“ Александар Сладков.

Сладков рече дека Кутузов командувал со трупите од самопрогласената република Доњецк.

Сепак, руското Министерство за одбрана се уште не ги коментира овие наводи.

Слични содржини