Нов Зеланд го отвора „патничкиот балон“ со Австралија на 19. април

Нов Зеланд објави дека од 19 април ќе може да се патува во Австралија без карантин.

Укинувањето на ограничувањата за патниците што отвораат таканаречен патнички меур меѓу двете соседни земји е олеснување за семејствата кои веќе подолго време се разделени поради пандемијата на вирусот корона, како и за туристичкиот сектор.
Двете земји успешно го запреа ширењето на вирусот.

Премиерот на Нов Зеланд, Јасинда Арден, изјави дека здравствените власти веруваат дека ризикот од пренесување на вирусот од Австралија е мал и патувањето сега е безбедно.

„Патничкиот балон ќе ја обнови нашата економија и ќе му претстави на светот аранжман за безбедно отворање на меѓународните аеродроми, истовремено продолжувајќи да ја спроведува стратегијата за елиминација на вирусот“, рече Арден.

Австралија претходно им дозволуваше на жителите на Нов Зеланд да дојдат во земјата без да останат во карантин, но Нов Зеланд имаше повнимателен пристап и им наложи на патниците од Австралија да поминат две недели во карантин по пристигнувањето.

Слични содржини