НОВ ЗЕЛАНД СТРАВУВА ОД ЦУНАМИ: Алармот ечи постојано, пристигна известувањето (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Стравот од цунами што треба да следи по силниот земјотрес што го погоди Нов Зеланд денес се шири преку Пацификот.

Дури 14 земји очекуваат цунами. Аларм се огласи на Нов Зеланд, предупредувајќи ги граѓаните за можното цунами.

На социјалните мрежи се појави видео од алармот, кој ги предупредува граѓаните да излезат од своите домови што побрзо и да ги понесат со себе само најпотребните работи.

Новозеландската агенција за вонредни ситуации им порача на жителите на некои области да се движат кон повисоките места.

„Луѓето во близина на крајбрежјето мора да се преселат веднаш до најблискиот рид, надвор од сите зони за евакуација на цунами или што е можно подалеку од земјата. Не останувајте дома“, известила агенцијата на својата веб-страница.

Источното крајбрежје на Северниот остров е под предупредување за цунами.

Во соопштението се додава дека известувањето за евакуација го поништува советот за претпазливост поради пандемијата на коронавирус.

Слични содржини