Нов Зеланд воведува нов пакет санкции кон Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Министерката за надворешни работи на Нов Зеланд Нанаја Махута најави нови санкции, воведени против голем број руски граѓани и компании поради ситуацијата во Украина.

Според министерката Махута, новиот пакет санкции е насочен против осум руски компании и луѓе кои се вклучени во, како што оцени, „дезинформативната кампања на Путин“, пренесува агенцијата ТАСС.

Нов Зеланд досега воведе санкции за повеќе од 650 руски граѓани, меѓу кои и претседателот Владимир Путин, членовите на Државната дума и 55 најголеми руски компании.

Слични содржини