Нов зелен сквер во Аеродром

од Берта Китинска

Град Скопје целосно ја преуреди зелената запуштена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот Јане Сандански и улицата Владимир Комаров, во Општина Аеродром.

– Денеска сме на новата зелена површина на којашто Градот Скопје работеше изминативе неколку месеци, станува збор за дел од проектот кој го работевме заедно со УНДП, а во кој беа вклучени луѓето коишто живеат во соседството и по основ на анкетите и нивните потреби го уредивме овој простор. Уредена е зелена површина од околу 2000 метри квадратни, ова е втората од четирите коишто ги започнавме есента. На овој простор во целост го обновивме зеленилото што беше запуштено, се сеќавате овде имаше стари трафики и не беа отстранети нивните темели и столбови. Засадивме 350 нови садници од кои 90 високо стеблести и остатокот околу 250 се ниско стеблести садници, кажа Шилегов.

Слични содржини