Нов земјотрес во Романија

од Radmila Tasevska

Според податоците на Европскиот медитерански центар, земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од градот Таргу Јиу.

„Беше доста силно, креветот вибрираше под мене и прозорецот“, „Седев во креветот и наеднаш креветот се помести“, „Навистина силно се тресеше“, „Беше доста гласно, прозорците се тресеа“, се некои од коментарите на веб-страницата на ЕМСЦ.

Да потсетиме, Романија во последните неколку дена беше погодена од серија земјотреси од кои најсилниот беше со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала. Ова е 26-ти земјотрес во Романија во последните 69 часа.

Слични содржини