НОВ ЗЕМЈОТРЕС ВО ХРВАТСКА: Се тресеше тлото повторно кај Глина

од Nikola Popovski

Околу 7:45 часот се почувствувал нов земјотрес во близина на Глина. Според  податоците на ЕМСЦ, тој бил 3 степени според Рихтеровата скала.

Сепак, според Сеизмолошката служба, земјотресот почувствуван во 7:46 бил посилен од пријавениот од ЕМСЦ.

Според нивните податоци, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Во текот на ноќта, ЕМСЦ забележа неколку помали земјотреси во близина на Сисак.

Околу 3 часот наутро е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала на 26 километри западно од Сисак, а се почувствувал и во Велика Горица и Петриња.

Централна Хрватска е погодена од земјотреси од 28 декември, а најсилниот беше на 29 декември – повисок од 6 степени по Рихтер, кога загинаа седум лица.

Слични содржини