Нова алатка на МФ: Календар на даночна регулатива, за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

од Берта Китинска

Календар на даночна регулатива e нова алатка на Министерството за финансии за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

-Во Календарот објавени се сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината. Целта е да се информира бизнис-заедницата, како и јавноста, за да може поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности во текот на годината.
Новата алатка е и во правец на барањата на Стопанската комора на Северна Македонија за утврдување на Даночен календар, односно да се даде грејс-период од усвојување на даночната регулатива до нејзината примена. Ќе се оди кон одложена примена на законите од даночната регулатива, кои ќе се носат во текот на годината со најмалку 6 месеци помеѓу усвојувањето на законот од страна на Владата до неговата примена. Така законите кои ќе се носат во текот на годината ќе влегуваат во важност од 1 јануари следната година, или пак, опционо, 1 јуни во текот на следната година, со исклучок и порано ако станува збор за даночни олеснувања или доколку се укаже неопходно од други причини, но со однапред утврден, транспарентен и инклузивен процес. На овој начин фирмите полесно ќе можат да ги прават финансиските планови.

На Календарот на даночна регулатива најавени се измени на 15 законски и подзаконски акти во текот на годинава. Меѓу нив е измената за Законот за данок на додадена вредност во насока на понатамошно усогласување со Директива на ЕУ во делот на утврдување на место на вршење на промет на услуги, воведување на терминот даночен застапник, овозможување на доброволна регистрација за ДДВ обврзник во текот на целата година и анализа за зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ. Предвидени се и измени на Законот за данокот на добивка во насока на зголемување износот кој ќе се третира како признат расход за даночни цели од регресот за годишен одмор, анализа за доуредување на начинот на пренос на загубите на терет добивките во иднина и поедноставување на одредени процедури при отпис на материјалните и нематеријални средства, соопштија влада.

 

Слични содржини