Нова аукција во УЈП, се нудат по поволна цена автомобили, деловен простор, машини

Управата за јавни приходи (УЈП) на јавно наддавање и во слободна комерцијална продажба закажани за 29 април годинава ќе понуди недвижнини, превозни средства и машини запленети по основ на неплатени давачки.

Меѓудругите, се нудат деловна просторија во Охрид од 193 квадрати со почетна цена од 9,4 милиони денари, автомобил „БМВ“ од 2007 година со почетна цена од 720.000 денари, товарно возило МАН од 2013 година со почетна цена од 1,6 милиони денари…

Потоа исто така на продажба е и ПМВ DACIA SANDERO,  2011 година за 180.000 денари, ТМВ MERCEDES BENZ, 1997 година, Машина за цедење на овошје, RETTERUNASCHINEN, капацитет 2000 литри на час, 2016 година за 209.100 денари и слично.

Целата листа и повеќе детали за аукцијата на линкот со клик ТУКА.

Слични содржини