Нова „бомба“: Јанушев се заканува на своја колешка со „бокс во фаца“

од Берта Китинска

На Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ се објавени нови аудио снимка.

На неа наводно се слушаат гласовите на Миле Јанакиески и Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ. Во снимениот телефонски разговор тие координираат за списоци со гласачи.

„МИОА наводно списокот што си го внесол ти како МИОА немало врска со нас“ вели Јанакиески, а Јанушев иронично одговара „сигурно“.

„Шефе, 20 луѓе има што се бележени како МИОА, значи тие што се бележени 20, ако дале 100, значи 80 се покопуваме“, вели Јанушев во снимката.

Додека во вториот тие зборуваат за Мапирани списоци на вработени кои треба да гласаат на избори.

Во разговорите се слуша како Јанушев зборува за обезбедени гласачи.Во еден момент за нивна колешка од општински комитет вели дека ќе и удри „бокс во фаца“.

Слични содржини