Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

од Ивана Рамаданова

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска од седиштето на својата партија објави аудио-снимка за како што тој тврди, екс-премиерот Зоран Заев.

Милошоски тврди дека Заев не само што бил премиер, туку бил и врховен судија и специјален јавен обвинител.

Откако денеска пушти аудио-снимка за екс-премиерот Зоран Заев, пратеникот Антонијо Милошоски порача дека верува дека лидерот на владејачката партија ќе биде повикан на распит во ЈО.

„Од оваа аудио-снимка јасно се гледа дека Заев бил во тесна врска со Катица Јанева и може да се заклучи дека тие двајцата биле во тесна координација за случајот „Рекет“. Знам дека неговата фамилија е влијателна и тој треба да биде повикан на распит. Се гледа дека Заев преку оваа снимка бил и врховен судија и специјален јавен обвинител“, истакна Милошоски.

Слични содржини