Нова драма во семејството Спирс: Бритни сака да знае каде се потрошени нејзините пари

од Nikola Popovski

Откако беше ослободена од старателството на нејзиниот татко Xејми по 13 болни години, Бритни Спирс конечно ја доби желбата за живот бидејќи веќе во голема мера ја планира својата венчавка и бременост.

Според странските медиуми, таа би сакала да ја круниса својата љубов со Сем Асгари, нејзиниот личен тренер, со брак пред да наполни 40 години.

„Таа се чувствува најдобро на Хаваите, па затоа би сакала да се омажи токму таму. Тие планираат голема забава. Тоа ќе биде првпат по неколку години пејачката да може да се дружи со пријателите“, рекол извор за странските медиуми, нагласувајќи дека венчавката ќе биде пред 2 декември или на тој ден.

Се претпоставува дека на прославата ќе покани познати личности кои ја поддржувале низ годините, а на списокот потенцијални гости се и Парис Хилтон, Мадона, Кардашијан, Мајли Сајрус и Шер.

„Нејзини приоритети се тековната венчавка, бременоста и постепеното враќање на општествениот живот. Таа исто така сака да знае каде се потрошени нејзините пари. Тоа ќе биде многу динамичен период за неа“, вели пријател.

Патем, се знае дека во ноември ќе се одржи уште едно рочиште кога ќе се дискутира дали ќе се прекине целиот аранжман за старателство. Сметководителот Џон Забел привремено ќе ја преземе улогата на Џејми.

Слични содржини