НОВА ЕЛИТНА НАСЕЛБА СО 142 КУЌИ се гради во Сарај

од Берта Китинска

Над автопатот Скопје-Тетово и езерото Треска, се гради нова елитна населба.

Во овој станбен комплекс се планира да се изградат 142 вили, или 20% од територијата ќе има градби додека 80% од површината на комплексот што е 15 хектари ќе има простор за зеленило.

Од општина Сарај, каде се наоѓа овој комплекс, велат дека сите објекти ќе бидат обезбедени со соодветни градежни дозволи и дека општината ќе помогне во обезбедувањето инфраструктурни услови. Иако градбата не е позната кога ќе заврши, вилите се продаваат во моментов.

Со проектот се предвидува и можност за изградба на трговски центри, градинка, библиотека, хелиодром, здравствени установи, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри.

Слични содржини