Недостигот на специјалисти резултираше и со смрт на родилки

Во годините што следуваа зачестија смртните случаи на родилки. Низ родилиштата во државата умираа млади, здрави жени во моментот кога требаше да станат мајки. Причината речиси во сите случаи беше искрвавување или сепса. Семејствата бараа одговори што се случува, бараа и одговорност.

Во 2010 година, кога за три месеци починаа седум родилки, инспектори на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и членовите на посебната комисија на Министерството за здравство почнаа инспекциски надзор во 32-те родилишта низ државата. Тие ги проверуваа условите во кои работат гинеколошко-акушерските одделенија. Министерството одлучи да воведе вонредни мерки, а како дел од нив го затвори и прилепското родилиште во кое починаа две родилки за само десет дена.

Целиот материјал на следниот линк!

Здравство и социјала како милостина“ е фељтон на новинарката Менче Атанасова Точи кој НОВА, го објавува во продолженија, а е дел од публикација „Македонија од Букурешт до Преспа – Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ во издание на ФООМ. Тоа се сведоштва кои говорат за едно време-невреме кое во колективната меморија ќе остане запаметено како темно, кога Европа нѐ етикетираше како „заробена држава“ , a ќе го паметиме како „загубено време“.

Слични содржини