Нова фризура, длабоко деколте и тесен фустан: Стајлингот на Јелена Карлеуша кој ќе ве остави без здив (фото)

од Nikola Popovski

Популарната пејачка Јелена Карлеуша во смел фустан со длабоко деколте и големи отвори ја запали фантазијата на многу членови на посилниот пол.

Карлеуша отиде на вечера со пријателите и за таа пригода, како и секогаш била скоцкана тип-топ од глава до пети. Таа ја променила фризурата, па тие афро-локни дале посебен печат на нејзиниот целокупен изглед.

Јелена беше во тесен, долг фустан кој ги истакнуваше сите нејзини атрибути, како што се бујните гради, тесната половина и долгите нозе.

За својот стил таа платила околу 4.000 евра, а сите се согласуваат дека пејачката изгледа како милион долари. Карлеуша е елегантна, но интерен е фактот дека нејзиниот фустан изнесува 39 евра, додека нејзината скапа Луј Витон торба чини 3.700 евра.

Пејачката на нозе носела обувки од познатата светска дизајнерка Џесика Рич кои чинат 282 евра.

 

Слични содржини