Нова фудбалска бомба на повидок, Левандовски заминува од Баерн

од Nikola Popovski

Роберт Левандовски, фудбалерот на Баерн Минхен е се поблиску до преселба во Барселона.

Интересот на шпанскиот гигант за еден од најдобрите светски напаѓачи постои од поодамна, но засега не е на повидок договор.

По завршувањето на сезоната Левандовски ќе влезе во последната година од договорот, а Баерн не е претерано расположен да му понуди долгорочно продолжување на соработката. Од друга страна, Барселона бара врвен напаѓач кој нема да чини премногу, а во Баерн се свесни дека нема да можат да извлечат премногу за напаѓачот од Полска и покрај тоа што тој се уште е еден од најдобрите на „стариот континент“.

Според шпанскиот портал Спорт, со седиште во Каталонија, Барселона е подготвена да му понуди на Левандовски четиригодишен договор, што значи дека постои уверување дека Левандовски би можел да го пренесе нивото на игри од Минхен, каде стана втор најдобар стрелец во историјата на клубот.

Слични содржини