Нова функционалност на е-ПДД за „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи соопшти дека на електронската платформа е-ПДД постави нова функционалност за граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата мој ДДВ.

Секој граѓанин со најава на својот профил на е-ПДД , има можност во новото прозорче „МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот“ да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ. Преку оваа нова функционалност граѓанинот може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно кога е извршена исплатата, дали трансакциската сметка е погрешно внесена (внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата.

Управата за јавни приходи продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните, се вели во соопштението на УЈП.

Слични содржини