Нова германска Влада: СПД, Зелените и ФДП потпишаа коалициски договор

од Milan1

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) потпишаа коалициски договор кој го одредува патот за забрзување на еколошката транзиција и модернизација на најголемата европска економија, поради преземањето на власта оваа недела.

Со формирањето на коалицијата заврши владеењето на конзервативната влада предводена од Ангела Меркел, која не се кандидираше за петти мандат на изборите во септември.

Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија ќе биде избран за нов канцелар во Долниот дом на Бундестагот и официјално ќе ја преземе функцијата утре.

Водечките членови на трите партии го потпишаа документот пред телевизиските камери.

– Ова треба да биде утро за нов почеток – рече Шолц.

Лидерот на ФДП, Кристијан Линднер, истакна дека изминатите неколку недели се поминати во разговори и дека сега е време за акција.

– Од оваа недела сакаме да работиме на напредок. Немаме илузии, се соочуваме со големи предизвици – нагласи Линднер.

Партиите го претставија договорот минатиот месец, но беше потребно одобрение од членовите пред да биде потпишан.

Слични содржини