Нова храна може да ја спаси нашата планета

од desk2

Оваа нова храна може да ја спаси планетата Земја. За разлика од другите житарки, житарката наречена „кернза“ не мора да се сее секоја година. Тоа значи дека откако ќе го соберете родот, таа повторно ќе никне сама затоа што корењата се наоѓаат длабоко во почвата.

На тоа начин ќе се намалат трошоците за повторна обработка на почвата и садење, при што се ослободува јаглерод диоксид, што значи дека ќе се намали и емисијата на штетни гасови.

„Кернза“ е пет пати пониска отколку пченицата. Добиена е со модифицирање на пченичната трева и специјално е создадена за да помогне во заштитата на животната средина. Засега посеви има само во прериите во Канзас и тоа во ограничени количини, но една компанија која произведува храна ја вклучи во своите житарки за појадок.

Една пиварница, пак, од Портланд направи пиво од „кернза“. Други специјализирани производители во САД веќе направија леб, тестенини и пица. Светот добива 45% од калориите од житарки, одгледувањето еколошки житарки е неопходно во борбата против климатските промени.

This new food could help save the planet

A tiny grain but a huge impact. 📕 Read more: https://wef.ch/2IRaWy3

Публикувахте от World Economic Forum в Вторник, 23 април 2019 г.

Слични содржини