„Нова индустриска револуција“: Бил Гејтс инвестира 1,5 милијарди долари во нова технологија

од Stefanija Kuzmanovska

Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер Бил Гејтс објави дека ќе одвои 1,5 милијарди долари за борба против климатските промени.

Парите ќе бидат пренасочени од неговиот инвестициски фонд во Breakthrough Energy, и ќе бидат инвестирани во соработка со американската влада, пренесува Си -Ен -Ен.

„Избегнувањето на климатската катастрофа ќе бара нова индустриска револуција. Треба да направиме технологија и производи кои не предизвикуваат емисии“, рече тој.

Таа технологија, додаде тој, мора да биде поевтина за да може целиот свет да си ја дозволи.

Слични содржини