Нова интернет сензација на епидемиологот Несторовиќ: Очекувам тетоважа (ФОТО)

од Nikola Popovski

Српскиот епидемиолог Бранимир Несторовиќ утрово објави необична фотографија на Инстаграм, која ја добил од свој голем обожавател.

Колку овој обожавател го обожава, покажува и фактот дека целиот свој грб го истетовирал ликот на славниот професор.

Во описот на сликата пишува:

„Ова пристигна на месенџер утрово, очекувам тетоважа“, напишал д-р Несторовиќ.

View this post on Instagram

Ovo stiglo jutros na mesindžer, očekujem tatoo

A post shared by Branimir Nestorović (@branimirnestorovic) on

Сликата на насмеаниот д-р Несторовиќ го окупира целиот грб на неговиот обожавател, а покрај сликата има натпис „сè е лага“.

Колку е популарен професорот Несторовиќ на оваа социјална мрежа, покажува и фактот дека неговиот број на следбеници постојано се зголемува, а следбениците се повеќе од креативни.

Оваа необична фотографија ги воодушеви сите, па имало голем број коментари како:

„Најдобриот лекар“, „Феноменален, те обожавам“, „Нашиот најдобар, најпозитивниот на светот“, „Нестор, Србија те повикува“…

Слични содржини