Нова катастрофа за Јапонците, по поплавите ги убива жештината

од desk2

По катастрофалните поплави и лизгање на земјиште предизвикано од силните дождови, Јапонија е погодена од топлотен бран.

Поплавите однесоа повеќе од 200 животи, а сега Јапонија е соочена со нови смртни случаи, овој пат од жештините.

ДО сега, според официјалните податоци настрадаа 14 луѓе, додека илјадници завршија во болница, пренесоа јапонските медиуми.

Во понеделникот температурите беа и до 39 степени Целзиусови, а во некои делови високите температури и влагата створија опасни услови, пренесе Ројтерс.

Се стравува дека ќе дојде до развој на заразни болести поради недостиг од вода за пиење, но и ѓубрето и калта кои поплавите ги оставија зад себе.

Слични содржини