Нова комисија за борба против пандемијата бараат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица

од Aleksandar Petrovski

Денес, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со останатите опозициони партии Алијанса и Алтернатива и Левица, поднесе предлог – закон за дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

„Со Законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија, и ќе треба да допринесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19 која што секојдневно се влошува“, информира ВМРО-ДПМНЕ.

Составот на Комисијата на предлог на Владата го избира Собранието и истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови ќе би биле, тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Законот предвидува донесените препораки од страна на Комисијата да бидат јавни и да се доставуваат до Владата која што ќе има обврска задолжително да постапува по истите.

Целта на овој закон е да се формира Комисија која што ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и кои што со своето објективно работење и носење на одлуки ќе допринесат за нормализирање на тешката состојба во која што се наоѓа Република Македонија предизвикана од ковид-19 кризата.

„Како одоговорни пратеници и конструктивна опозиција наша обврска и задача е да нудиме издржани и квалитетни закони и мерки и да реагираме сооодветни бидејќи целата македонска јавност е сведок дека Владата на СДСМ и здраствените власти немаат капаците да се справат со овој голем проблем. Апелираме до пратениците од владеачкото мнозинство да не поддржат во оваа иницијатива и наместо партискиот интерес, во преден план да го стават интересот на граѓаните односно здравјето на целокупното население во Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини