Нова контроверзна изјава на Лукашенко: Од коронавирус ќе се заразат тие што пиеле вчера, а денес пушат

од Nikola Popovski

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко смета дека луѓето кои „пиеле и пушат денес“ се повеќе подложени на заболување од коронавирусот.

„Вие и јас (обраќајки му се на народот во Белорусија) го цениме здравјето на секој поединец повеќе отколку што таа личност го цени своето здравје – тоа е нашиот проблем. Сите се смееја кога пред една година реков дека треба да играме спорт, да трчаме, да пиеме помалку и да избегнеме пушење. Не дај Боже, мислеа луѓето. За што по ѓаволите зборува претседателот? А веќе денес сме сигурни дека овој несреќен вирус ги наоѓа оние што вчера пиеле, а денес пушат“, рече Лукашенко, пренесе телевизијата „Белорусија 1“.

Да потсетиме  дека Белорусија е една од ретките земји во Европа која сè уште не воведе режим на самоизолација.

Според белоруското Министерство за здравство во вторникот, во земјата се пријавени вкупно 861 случаи на инфекција со коронавирус, при што починале 13 лица.

Слични содржини