Нова криптовалута е илјада пати побрза од биткоин

од Vladimir Zorba

Американски научници создадоа нова криптовалута која, според нивните тврдења, работи над илјада пати побрзо од биткоин – најпопуларната во моментов криптовалута. „Убиецот“ на биткоин се нарекува јунит-и (Unit-e) и е дело на тим од МИТ, Стенфорд и Калифорнискиот универзитет, Беркли.

Проектот јунит-и се финансира од непрофитната организација Distributed Technology Research (DTR), во која влегуваат претставници на седум главни универзитети во САД, соопшти „Блумберг“. Новата криптовалута е првата иницијатива на DTR, која се одржува, исто така и од инвестицискиот блокчеин-фонд Pantera Capital.

Виртуелната валута јунит-и ги надминува биткоин, етериум и останатите актуелни криптовалути. Нејзините креатори успеале во решавањето на задачата за постигнување на голема брзина на функционирање на системот. Дигиталната валута може да обработува до 10.000 трансакции во секунда.

За споредба, мрежата на биткоин процесира 7 трансакции во секунда, што го прави еден од најбавните во својот сегмент. Етереум достигнува 30 трансакции во секунда. Со други зборови, актуелните криптовалути отстапуваат силно по перформанси од традиционалните платежни системи – Visa, на пример, обработува 1.700 трансакции во секунда.

Бавната работа на биткоин, особено, е резултат од првично утврдените во системот технолошки карактеристики, вкл. ограничувања на максималната големина и брзина за креирање на нови блокови.

Авторите на проектот јунит-и го решиле проблемот со скалабилноста и објавиле препораки за подобрување на мрежите за криптовалути, кои можат да се искористат од останатите програмери за усовршување на актуелните криптовалути.

Играчите на пазарот се свесни за проблемите на нивните проекти. Во 2018 година за биткоин беше создаден протоколот „Lightning Network“, кој ја елиминира потребата од чување во блокчеинот на информацијата за секоја трансакција. Алгоритмот положи успешен тест во декември, обработувајќи податоци кои влегуваат преку 18.000 канали за плаќање вредни 2 милиони долари.

Ethereum Foundation, развивачите на истоимената криптовалута, исто така, бараат начини за решавање на проблемот со скалабилноста. Претходно овој месец, фондацијата стартуваше програма за финансирање на проекти од надворешни развивачи за да се забрза мрежата. Во рамките на програмата ќе бидат доделени грантови во висина од 50.000 до 1 милион долари.

Иако појавата на ветувачкиот проект јунит-и и обидите за осовременување на постоечките системи за трансакции, пазарот на криптовалути продолжува да тоне во позадина на растечката недоверба меѓу најголемите инвеститори. Биткоин, главната криптовалута „полета“ до 20 илјади долари во декември 2017 година, но минатата година доживеа огромен пад и ги повлече со себе и останатите криптовалути. Во моментов, курсот на биткоин е околу 3600 долари.

Слични содржини