Нова криза во Вухан: Милиони луѓе се загрозени, подигнато е нивото на заштита (видео)

од Nikola Popovski

Нова криза избувна во кинескиот град Вухан, од каде потекнува пандемијата на коронавирус. Поради рекордните дождови и поплави во Кина, загрозени се милиони луѓе во тој град лоциран на реката Јангцекјанг, а нивото на заштита од поплави е подигнато на второ ниво.

Многу силен дожд паѓал веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови, паднале дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на метар квадратен, објави Синхуа.

На многу места, реките го преминале нивото на одбрана од поплави, а во Вухан се борат да го задржат градот да не биде поплавен.

Нивото на заштита од поплави е подигнато на второ од четири нивоа, само еден чекор од најопасното ниво.

Според Синхуа, се очекува врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

Најризично е во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан, кој неодамна беше најтешко погоден од вирусот.

Според Светската здравствена организација, пандемијата започнала од овој град, во кој имало скоро 3.900 мртви.

Слични содржини