Нова љубов може да ве чини дополнителни 16 килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Според последното истражување на компанија Jenny Craig, во кое учествувале 2.000 луѓе, 79 проценти од нив рекле дека се здебелиле кога влегле во нова врска.

Кога влегувате во нова врска, многу е веројатно дека некои од вашите навики ќе се променат. Може да започнете да јадете повеќе и да го прескокнувате вежбањето за да одите на состанок со новиот партнер.

Истражувањето исто така покажало дека испитаниците во долготрајни врски се здебелиле 16 кг од почетокот на врската, а за време на првата година од бракот се здебелиле близу 8 кг.

Ова не е единственото истражување кое докажало дека телесната тежина се зголемува доколку сте во стабилна врска.

„Многу од моите клиенти се луѓе кои се здебелија откако стапија во врска или се венчаа“, рече Ненси Рахнама, докторка од Лос Анџелес, која прави операција за намалување на желудникот.

Повеќето луѓе во среќни врски и бракови посегнуваат по нездрава храна, а тука е и консумацијата на алкохол што е исто така една од најголемите опасности за вашата линија.

Меѓутоа, ова не мора секогаш да биде случај. Резултатите од истражувањето исто така покажаа дека ако вие и вашиот партнер се поддржувате во здравите навики, тоа навистина може да ви помогне да го подобрите вашето здравје.

Затоа, експертите советуваат наместо да одите на пијалок или вечера со партнерот, да одите на часови по јога или на прошетка.

Слични содржини