Нова љубов на Рита Ора: Заведе познат оскаровец (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Минатата недела, светски познатата пејачка со косовско потекло, Рита Ора, објави фотографија со режисерот Таика Ваитити, која ги охрабри шпекулациите дека нивниот однос не е само деловен.

Најновите информации велат дека пејачката и режисерот биле заедно повеќе од еден месец додека таа во Сиднеј го снимала „The Voice“.

Според „The Sun“, Рита и Таика не криеле во кругот на нивните славни пријатели дека се заедно и работите можат да станат сериозни.

„Тие се зближија уште на почетокот на март, но тоа не го разгласија на сите. Сепак, сите нивни пријатели знаат за врската. Навистина се сакаат“, кажал извор.

Минатата недела Рита објави серија фотографии покрај кои напиша „Добри времиња, спомени, случајни работи на мојот телефон и оние што ги сакам“, а на една од фотографиите беше обвиена во рацете на познатиот режисер.

Иако Таика со капа на главата делумно го криеше својот идентитет, фановите на Рита сфатија кој е тој, па започнаа шпекулациите дека станува збор за нова славна двојка.

Неодамна Рита и Таика беа забележани како излегуваат од приватен авион со кој пристигнаа во Сиднеј од Голд Коуст во друштво на Крис Хемсворт, неговата сопруга Елза и Мет Дејмон.

Холивудските sвезди во Австралија го снимаат филмот на Таика Thor: Love and Thunder, во кој ќе им се придружи и Расел Кроу, кој минатата недела беше виден со Рита како вози велосипед.

Слични содржини