Нова монета од пет фунти по повод 40-тиот роденден на принцот Вилијам (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Четириесеттиот роденден на британскиот принц Вилијам ќе биде одбележан со издавање на монета од 5 фунти со неговиот лик, соопшти Кралската ковачница.

Официјалниот државен производител на монети на Обединетото Кралство ја претстави монетата во пресрет на роденденот на Вилијам на 21 јуни.

Ликот на војводата, втор во редот за тронот, за првпат ќе се појави самостојно на официјална монета искована во Кралската кованица.

Креирана е од дизајнерот и гравер Томас Т Доерти. Во средината на монетата е портретот на Вилијам, а околу него кралскиот код на војводата – првата буква од неговото име – W, веднаш до бројот 40.

Од другата страна на паричката ќе биде ликот на кралицата Елизабета Втора, дизајниран од Џоди Кларк.

Слични содржини